Авионот со кој леташе премиерот Зоран Заев и дел од владината делегација, кои се враќаа од економскиот самит во Давос, Швајцарија не можеше да слета во Скопје поради снежното невреме и беше пренасочен на аеродромот во Софија, потврди за МИА, претседателот на Управниот одбор и директор во Македонската навигација (М-НАВ), Николче Тасевски.
Од СДСМ за МИА потврдија дека авионот безбедно слетал во Софија и Заев тргнал на пат кон Скопје.
– Причината за пренасочување се интензивните снежни врнежи и немањето услови за слетување на скопскиот аеродром, рече Тасевски.
Премиерот Заев вечерва требаше да присуствува на состанокот на Централниот одбор кој треба да одлучува за отпочнување постапката за номинирање претседателски кандидати и за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори.