Автопатот Пријателство меѓу Велес и Скопје на делот од наплатна рампа Отовица кон Скопје од 16:50 часот е затворен за сообраќај, поради расчистување на снег од коловозот, информира АМСМ.

Овој дел од автопатот од 17:45 часот делумно е пуштен за сообраќај, по една коловозна лента само за патнички моторни возила.

Од АМСМ нагласуваат дека од 17:00 часот е укината забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Крива Паланка-Граничен премин Деве Баир.