Се радувам што можам да го поздравам денешното ратификување на Договорот од Преспа, кој дава можност Скопје наскоро да се приклучи кон НАТО и отвора нова страница во неговите односи со ЕУ, па наскоро ќе можат да започнат преговори за пристапување, напиша на својот ФБ профил бугарскиот премиер Бојко Борисов.

-Напорите кои вложивме за време на нашето претседателство и потоа, да им помагаме на земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашите пријатели од Скопје, денеска даваат резултати. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме, како и досега, посочува Борисов.