Денеска сме овде, во Виена, да стекнеме нови бизнис партнери од Австрија и овие бројки и натаму да растат, во интерес на граѓаните и развојот на државата, објави денеска премиерот Зоран Заев.

– Започна Виенскиот економски форум – нови перспективи за РС Македонија. Во текот на денот, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министрите за финансии и за образование и наука, Драган Тевдовски и Арбр Адеми на бројни реномирани компании од Република Австрија ќе им ги презентираме можностите за инвестирање во РС Македонија.

Во последните 10 години, Австрија е најголемиот инвеститор во С. Македонија. Од сите директни странски инвестиции во земјава или 392,2 милиони евра 13,2 отсто се со потекло од Австрија, објави Заев на Фејсбук.

Граѓаните на Македонија се надеваат дека и овие ветени инвестиции нема да запрат во Србија, како што се случи со неколку германски инвеститори кои наместо во Република Македонија инвестициите ги вложија во соседна Србија.