Никој не може да избега од казната и од својата одговорност, па вклучително и Никола Груевски, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната промоцијата на Граматиката на современ ромски јазик.

-Светот е глобално село. Никој не може да избега од казната и од својата одговорност. Јас верувам дека многу брзо ќе го доживееме моментот кога секој ќе си ја отслужи казната, така и Никола Груевски, изјави  Заев.

Груевски, како што рече премиерот Заев, беше слободен граѓанин се до моментот додека судот не издаде наредба за негово донесување за издржување на казната, но два дена претходно тој ја напушти државата.

Поранешниот премиер Груевски пред речиси една година има политички азил во ЕУ, во Унгарија.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран, но одговорите од ЕУ се дека не се прифаќаат барањата за Груевски и за други лица бидејќи власта на Заев врши политички терор преку обвинителствата и судството.