Околу 17:00 часот вчера во полициската станица Кичево било пријавено дека во кругот на Општата болница во Кичево, 54-годишниот Т. Т. од Кичево го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.

Тој во болницата бил донесен со возило на Итна медицинска помош од улицата „Солунска“ каде бил забележан во алкохолизирана состојба.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.