Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим, изјавил премиерот Зоран Заев за ТВ Сител и потврдил дека наместо онлајн средба, решил да замине во Софија на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во последен обид да постигне договор за македонските евроинтеграции.
Заев преку СМС ја потврдил средбата:
„Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим. Јас ќе бидам во Софија со неколку наши министри“, напишал Заев во пораката до ТВ Сител.
Тој во Софија оди да го убеди источниот сосед да не става вето во Советот на ЕУ на 17 ноември, на состанокот на кој ќе се одлучува за преговарачката рамка за Македонија.
Заев одбил да го коментира нонпејперот:
– Не ги коментираме ваквите детали затоа што се уште се разговара и не би сакале да ги нарушиме разговорите, одговорил Заев за ТВ Сител.