Бившиот премиер и бивш кандидат за Нобелова награда Зоран Заев бил (лош) визионер за тоа што ја очекува Република Македонија или пак бил неуспешен референдумот за смена на уставното име со додадена придавка Северна.

– Ако референдумот биде успешен, очекувам меѓу јануари и мај 2020 година да бидеме полноправна членка на ЕУ. Бенефитите од тоа ќе бидат огромни, објавил Заев на својот профил на Фејсбук и го додал хаштагот ИзлезиЗа.

Од тогаш досега повеќепати „добивме датум од ЕУ“ колку и „бесплатно здравство низ цела ЕУ“. Референдумот успешен или неуспешен, тие го сменија името на државата, а визијата на Заев очигледно не се оствари.

Денес Македонија се уште не почнала да станува, а камоли пак да станала полноправна членка на ЕУ, како што предвидел „визионерот“.

Тоа значи дека или референдумот не бил успешен или Заев ја утнал политичко-временската прогноза.

Сега, кога тој е бивш премиер, оваа негова визија нема некое значење. Но, може да биде добар пример за некој нов „визионер како Заев“ со слични визии за името и делото на Гоце Делчев и македонската историја, какви што имаше Заев за смената на името на Република Македонија.

(Д.Г.)