СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, победува но и постојано се менува и се подобрува, се вели во апелот од лидерот на СДСМ и претседател на Владата, Зоран Заев.
Ја пренесуваме неговата покана во „социјалдемократското семејство, кое се менува“, како што истакнува Заев:
Ние се менуваме за подобро да им служиме на граѓаните, на нашата заедничка татковина.
Само реформирана, демократска партија која постојано се унапредува, се менува на подобро, којашто се унапредува и се подобрува во секојдневното свое работење може да ги менува на подобро и работите во земјата.
Веќе во тек е процесот на ажурирање и активна регистрација на членството на СДСМ.
Правиме уште еден чекор, кон поголема демократизација на партијата. За прв пaт во земјава, на 21 март ќе се одржат директни внатрепартиски избори и тоа ќе го направи СДСМ.
Членовите на нашата партија ќе бираат претседател на СДСМ, што е врв на внатрепартиската демокарија.
Она што особено ме радува, паралелно на овој процес имаме и пристапување нови членови.
Денеска се сретнав со неколку млади луѓе, кои се зачленија, се приклучија на СДСМ, на кои им посакав добредојде во социјалдемократското семејство.
Радува тоа што кон партијата се приклучуваат прогресивни луѓе кои сакаат да дадат придонес во промените на партијата а со тоа, заедно да го менуваме, да го подобруваме општеството.
СДСМ покажа внатрешен капацитет да се менува и тоа гледам дека е препознаено од граѓаните.
Секако дека СДСМ има свои недостатоци, но се менуваме, се подобруваме.
Се откажавме од старите, погрешни салонски навики. СДСМ денеска е партија блиска до граѓаните, прифаќаме критика, поттикнуваме гласност, знаеме да се повлече од одредени иницијативи и да прифатиме подобри редлози.
Со СДСМ државата е сигурна, безбедна и стабилна, и покрај сите предизвици растат платите, повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.
Наместо да ги туркаме најгорливите проблеми под тепих, се впуштивме во решавање на повеќедецениските прашања кои ја загрозуваа иднината на нашата земја.
Затоа денеска сме горди, 30 земја членка на НАТО, исполнета е стратешката цел!
Важни се политиките и вредностите кои одредена партија ги спроведува и што од тоа добиваат граѓаните.
Затоа сакам да упатам апел на сите кои ги делат овие вредности да се приклучат на социјалдемократското семејство.
На тимот на СДСМ кој носи напредокот, на тимот на демократијата, слободата, социјлната правда, еднаквоста.
Заедно сите здружени, сплотени да ги менуваме работите во општеството кон подобро.
Зоран Заев, претседател на СДСМ