Пратеникот и поранешен министер Антонио Милошоски упати иронична порака до министерката за образование Мила Царовска, во врска со неврачувањето на наградата на ученикот Дамјан Давков, кој победи на средношколски државен натпревар:

-Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години, Никола Тесла со сличен изговор ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика, а Ајнштајн нема да добиеше согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија, каде по скратена постапка му било признаено целото основно образование!- објави Милошоски во ироничниот статус на Фејсбук.

Деновиве има бурни реакции за изјавата на Царовска дека законот не дозволувал да му биде доделена наградата на талентираниот ученик Давков, а со коментар се јави и неговата мајка Никица Давкова, која рече дека „утешната“ награда на Општина Штип „не сега и не на ваков начин“.