Премиерот Зоран Заев во 18 часот ќе се обрати пред македонската јавност за да го каже договороеното со грчкиот премиер Алексис Ципрас, со кого два дена одржуваа долги телефонски разговори за спорот со името.

Грчките медиуми веќе излегоа со шпекулации дека се работи за името Република Северна Македонија користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени е основата на договорот што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава.

Договорот, неофицијално, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.