Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини за Ковид-19, и се шрави одмерување зашто, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.
– Прво не е работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со Фајзер и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800 000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од РС Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.
Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.
– Такашто се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за Фајзер, Астра/Зенка или се работи за Синофарм или за Спутник од Русија или било каде конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги исколкулирате сите количини. Така да не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така да не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Зоран Заев.
Веќе е познато дека од „големата грижа за народните пари и набавката на вакцини“ Македонија досега го има само пакетот подарени на Табановце од Србија, со кои веќе цела недела се прави кампања во Македонија како да е се во ред со набавката на вакцини и вакцинацијата.