За две години отворивме нови 49.552 вработувања во С. Македонија, објави пред малку премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

– Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се новоиселени лица, туку нововработени граѓани, тука, во нашата земја, тврди Заев во својата објава.