Премиерот Зоран Заев денеска се извини за гестикулациите кои ги направи со фразата „мало сутра“ на партиската трибина во Прилеп додека зборуваше за тоа кој ќе победи на изборите во април 2020 година.
– Ако некого сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт – рече Заев.
Објаснувајќи се, премиерот во неговата изјава уште еднаш се извини потенцирајќи дека се смета за внимателен политичар кој не сака да остави впечаток дека сака да навреди некого.
– Уште еднаш кажувам дека ако некој се нашол повреден се извинувам. Не ми било тоа намерата. Намерата ми било да кажам дека ќе има борба за државата, за нашиот народ, за да се оди на вистинскиот народ, рече Заев.