Нашата конечна цел е работен ангажман на сите млади, тие да бидат мотивирани да отворат свој бизнис тука, што веќе тргна како процес. Верувам дека ќе бидеме одличен пример во регионот за стартап можностите, иновативноста и технолошкиот развој, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

-За останатите млади имаме огромна побарувачка на квалификувани кадри од приватниот сектор. Конечна цел ни е од 2022 година сите млади до 29 години да бидат ангажирани, рече Заев во одговор нановинаско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека од следната година на секој млад човек што ќе тргне на работа, државата ќе му ги плати придонесите и ќе има дополнителни стимулации.

-Оние кои немаат практично искуство ќе бидат поддржани преку практиканство директно во компаниите каде што ќе бидат ангажирани. Целта на паѓањето на процентот на невработени млади од 42 на 29 проценти во моментот ќе продолжи како тенденција до 2024 година за да обезбедиме помалку од 17 процентина невработеност на младите. Работиме во повеќе насоки – една е развојот на стартапите, а другите да бидат ангажирани уште во младоста и на развојот на пратиканството, прецизира Заев.