Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ рече дека за Скопје ја става на коцка својата лична кариера и ги повика скопјани на одговорност пред себе и пред татковината.
Според него, изборите профилираат правец на движење на државата, а вели и дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг го достигнала плафонот.
-Ги следиме аналитиките. ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот. Нема повеќе апсорбционен капацитет заради нивните политики. Нашитите политики имаат поголем апсорбционен капацитет. Тука е НАТО, суперлавите од европските лидери кон РС Македонија. Вториот дел е концептот „едно општество за сите“. Тука има еден огромен потенцијал кој што остана дома а треба да излезе на гласање. Затоа повикот е кон тие луѓе – излезете затоа што пропуштате и вие да учествувате во дефинирањето на иднината на државата, вели Заев.
Коментирајќи ги наводите дека независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има и бугарско државјанство, Заев рече дека тоа е сериозно и оти таа досега не ги демантирала овие наводи.
-Скопјани верувам дека нема да дозволат да бидат изманипулирани. Во животот ако се определите да бидете претставник на странска држава тогаш тоа го работите. Не можете да бидете претставник на странска држава, а да водите влада во влада. Вториот дел е што Арсовска е државјанин на друга држава. Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941-ва но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани. Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, рече Заев.