Македонскиот премиер раскажа како ги заработил првите милиони, тој во интервју за српски Курир откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија.
-Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана.
– И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.
Тој најави и дека ќе с еповлече од политиката по 2024 година:
– Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја, рече Заев.