Премиерот Зоран Заев во интервју за српски „Курир“ објаснува како го поминал патот од продавач на лубеници до премиер.

Меѓу другото, зборува и како ги заработил првите милиони.

-До мојата четврта година живеевме во селото Муртино каде се родени татко ми и мајка ми, а потоа се преселивме во Струмица. Мајка ми беше наставничка по биологија и хемија, а татко ми магационер. Сите, и родителите и мојот помлад брат Вице работевме во земјоделство, вели Заев.

Првиот екстра профит го заработил продавајќи прашок за алишта од Србија, а првите милиони кога во Србија ја продадов сувата пиперка.

-Првата голема заработка – 2,4 милиони марки од пиперки кои ги сушевме во Струмица, а му ги дававме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер, истакна Заев.