Воислав Зафировски, кој беше носител на листа на Интегра за ИЕ 4 на последните избори, при денешната средба со Мицкоски на која објави дека дел до раководството и членовите на Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, рече дека лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски, партијата ја претворил во секта во која не дозволувал да се слушне туѓо мислење сметајќи се себеси за пророк.
-Поголемиот дел од претседателството, вклучувајќи ме и мене како потпретседател, меѓународниот секретар на Интегра, потоа носителот на изборната листа од петаата изборна единица, координаторот од И.Е 6, како и бројни носители на различни функции во рамките на претседателството, но и во лидерските тимови на Интегра одлучивме од денес да се интегрираме во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Зафировски.
Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ поминуваат и поголемиот број претседатели и членови од општинските комитети на Интегра во Карпош, Центар, Велес, Битола, Ресен, Демир Хисар, Штип, Новаци, Могила, а таква најава има и од поголем број други општински комитети.