Еден од најинтересните денешни коментари на социјалните мрежи за енормното загадување во Скопје е: Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт тоа беше смог, а сега кога е СДСМ на власт тоа е магла или бел облак.
– Утрово белиот облак над Скопје не беше поради загадување на воздухот, туку имаше магла, што е нормална појава во овој период од годината за котлините, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во претпладневните часови Скопје е покриен со „ густ чаршав“, појава за која од УХМР објаснуваат дека е „нормална за Скопје и постарите граѓани знаат дека секогаш во зима во главниот град имало маглa“.
– Ова што утрово го имавме е магла која се појавува кога имаме стабилна временска состојба, присуство на влага во воздухот, а нема струење. Поради тоа се создава магла не само во Скопската котлина, туку утрово таква беше состојбата и во Струмица и Тетово. Кога немаме струење на воздухот, а имаме влажност, во пониските делови се појавува магла, а во повисоките сонце. И утре претпладне исто така ќе имаме магла, но во текот на денот ќе има појава на ветер и ќе се расчисти, вели Ленче Ризова, синоптичар во УХМР.
Истото деновиве го тврдеше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој рече дека нема смог во градот, туку дека тоа е магла.
Но, скопјани добро се сеќаваат дека актуелниот премиер Зоран Заев кога беше опозиционер ветуваше „чист ајро во Ајродром“, како и Шилегов и нивните сопартијци и приврзаници кои во времето на експремиерот Никола Груевски, со маски, протестираа против ова што денес е магла, а тогаш беше смог.
(Д.Г.)