Во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, попладнево околу 16:30 часот паднал кранот на кој бил работник кој ја одржувал хигиената на прозорците од зградата на Куќата на фудбалот.
Работникот, како што објави ТВ Телма, починал на лице место.
Тресок ги вознемирил вработените во ФФМ кога кранот, кој бил сопственост на надворешна фирма, паднал на паркингот и притоа загинал работникот, кој бил качен на кранот и ги миел прозорците.
Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите констатирале смрт кај работникот. За среќа во оваа нерсеќа избегната е поголема трагедија, зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината, а во зградата има деца кои таму тренираат.