Деветнаесет авганистански полицајци се убиени денеска во северен Авганистан во напад од страна на талибанците, изјавија официјални претставници.
Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, во кој, според портпаролот на провинциската влада на Кундуз, загинаа 19 лица, а петмина се повредени.
Вкупно 36 претставници на безбедносните сили загинаа во два одделни напада во текот на изминатите неколку часа.