Велигден е голем празник, а годинашниов се совпаѓа со тажниот ден 28 април, кога пред 18 години згаснаа животите на осумтемина бранители на Република Македонија во тетовско Вејце во 2001 година во одбрана на татковината.
Вечна им слава на Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.
Тие загинаа како припадници на вооружените сили на Република Македонија во војната 2001 година. Денеска се навршуваат 18 години од настамнот кај Вејце, најкрвавиот и најбруталниот масакр во поновата историја на Македонија.
На 28 април 2001 година во 17.45 часот од заседа и ѕверски беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осум припадници на вооружените сили на Македонија, од посебната единица на СВР Битола и од Специјалната единица Волци.
Тие загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија. Нека им е вечен помен за тие кои ја бранеа татковината од терористичката ОНА.