Заглавени поради тендери во Македонија се и возрасните и децата, за првите нема пасоши и регистерски таблички за возилата, а за нивните деца нема и свидетелства на крајот од учебната година.
Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата за учениците во основните и средните училишта ќе бидат готови до 31 август годинава, но не се знае кога е точниот датум.
За точниот датум и време учениците ќе бидат дополнително известени од одделенските наставници, односно од нивните класни раководители.
-Имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование, се вели во дописот од Бирото за развој на образованието.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека станува збор за проблем на државно ниво. Според неговите информации се работи за нереализирана тендерска постапка, односно дека има проблем кој ќе ги печати свидетелствата, односно тендерската постапка не е завршена.
На крајот од оваа учебна година во вообичаениот термин свидетелства од старите залихи добија само деветтооделенците и матурантите бидејќи им се потребни за упис во средно образование, односно на факултет.