Бугарскиот интерес е заштитен во односите со РС Македонија, вели поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, според која „македонскиот јазик е преддокофициран бугарски литературен јазик“.
– Ова е пишана регионална норма на една од шесте норми на бугарскиот јазик. Создаден е по 1945 година, вели Захариева во нејзиното гостување во БНТ.
Захариева изјави дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик од Бугарија, а јазичната формула веќе ја има во декларација од 1999 година, реафирмирана со договорот во 2017 година.
– Декларациите ќе бидат дел од целиот пакет. Не можеме да ги обврземе другите 26 земји во ЕУ да размислуваат како Бугарија, дека нема македонски јазик, вели Захариева.
Таа тврди дека „нивните главни спорови со РСМ – за јазикот и за историската вистина“ ќе се решаваат во согласност со договореното.
Видеото со превод од бугарски на македонски јазик може да го погледнете ТУКА.