Во интервју за бугарската национална телевизија, Захариева порача дека ниту една држава не може да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, ако не се исполнети условите кои ги имаат поставено.
„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние ѝ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година. Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата.“ – изјави Захариева.
Шефот на македонската дипломатија, бујар Османи вчера се сретна со захариева во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација..Во пресрет на средбата, Османи соопшти дека 99 отсто од Акцискиот план со Бугарија кој се однесува само на технички детали и бизнис релации е усогласен. Но, кои се точките кои останале и кои мора да се договорат со Захариева, не се откриваат.