Дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, со што се кршат закони, гласеше пратеничкото прашање од Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ до вицепремерот Љупчо Николовски, на што тој одговори дека „се неточни информациите“.

Вицепремиерот за антикорпуција тврдеше дека се неточни информациите дека „фирма блиска до него добивала тендери од државата и остварувала високи профити, како и дека работела надвор од законските можности за вршење на плаќањето“.

И Николовски пратеничкото прашање за енормно високите профити на фирмата на неговиот брат во време на ковид-криза, кога пропаднаа многу фирми во Македонија и десетици илјади луѓе останаа без работа, го искористи за напад на опозицијата и обвинувања за минатото.

Според Николовски, неточни се тврдењата дека поради тоа што „наводно е негов брат, таа фирма добивала тендери и имала раст од 2.100 проценти во време на пандемијата“. За неколку денови, рече тој, ќе има завршни сметки и видете каква е вистинската состојба.

Вицепремиерот нагласи дека е горд што сите членови на неговото семејство работат приватно или земаат пензија и што, како што рече, не злоупотребуваат ниту денар од државата, како и дека тој ги донира своите дневници таму каде е потребно.

Јанушев го праша Николовски дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, со што се кршат закони. Прито презентираше фотокопија на каса-прими обрзец, за кој рече дека е од фирма што е во сопственост на братот на Николовски. Јанушев го праша Николовски „дали е свесен за криминалот кој што се прави и дали за тоа ќе се поведе одговорност“?