Можеме едноставно да одговориме на воинствените напади од актуелната шефица на Форин офисот, која претпочита возење со тенкови отколку сериозна дипломатија, за нејзината решеност да ја победи Русија – нека се обиде- изјави денеска портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова.

Таа ги коментираше последните антируски изјави на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

– Неколку пати ги коментирав антируските изјави на Лиз Трас, кои се секогаш болно агресивни, карактеристични со национализам, особено русофобија. Сега, влегувајќи во трката за позицијата шеф на владејачката Конзервативна партија и обидувајќи се да ги реализира своите незапирливи амбиции, таа и се заканува на нашата земја и сака да постигне „победа на Украина“ над Русија. Ова е очигледно мегаломанија на политичар од втор ред, рече Захарова.

Сето ова, додаде руската портпаролка, се прави наместо да се решаваат проблемите на сопствената држава, а ги има многу.

– Целата серија празни слогани на разбеснетата Лиз Трас јасно покажува дека таа всушност или не може да ги види сериозните кризни феномени во економијата и внатрешната политика на земјата чија влада се обидува да ја води, или едноставно не знае како да ги надмине, па таа се обидува да го сврти вниманието на гласачите. Во секој случај, јасно е дека благосостојбата и животниот стандард на обичните Британци не се меѓу нејзините приоритети, рече Захарова.

Таа во продолжение додаде дека паметните учат од грешките на другите:

– Можеме едноставно да одговориме на воинствените напади на актуелната шефица на Форин офисот, која претпочита возење со тенкови отколку сериозна дипломатија, за нејзината решеност да ја победи Русија – нека се обиде! Во текот на вековната историја на нашата земја, многумина веќе се обиделе. Како што знаете, паметните луѓе учат од грешките на другите, заврши Захарова.