Русија сака да ги унапреди односите со Европската унија поради нивната важност, а не поради несогласувањата меѓу ЕУ и САД околу иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Ние ги цениме нашите односи со ЕУ такви какви што се и повикуваме на нивно унапредување и пронаоѓање начини за надминување на застојот за кој ние не сме виновини, додаде Захарова.
Таа нагласи дека цел на Москва е подобрување на односите и нивно унапредување на ново ниво, независоно од развојот на настаните во односите на ЕУ со другите партнери.
Захарова истакна дека рускиот став во однос на „неодамна најавените промени во американската политика“ останува ист и тој нема врска со ставот и позицијата на Москва кон ЕУ.
– Сакаме да ги унапредиме односите со ЕУ. Работиме на тоа, не затоа што се влошија нивните односи со други, туку врз основа на политичките, економските и хуманитарните интереси на нашиот народ, нагласи Захарова.