Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова синоќа изјави дека одобрувањето од Претставничкиот дом на САД на предлог-законот за воена помош за Украина, Израел и Тајван „ќе ги продлабочи кризите ширум светот“.
„Воената поддршка за режимот во Киев е директна финансиска помош за терористичките активности. Помошта за Тајван е мешање во внатрешните работи на Кина. Помошта за Израел е директен начин за невидено зголемување на тензиите во регионот“, објави Захарова на Телеграм.
Фото: МИА архива