Бројот на американски војници кои се распоредени во Европа укажува на тоа дека Вашингтон сака да ја контролира ЕУ, и покрај изјавите на европските политичари кои велат дека Европа сака своја армија која ќе биде независна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Толкава количина оружје, опрема, техника и толку моќен воен контингент не укажува на соработка, туку на контрола врз Европа, истакна Захарова.
Според нејзините зборови, САД имаат свој план на работа што се однесува на Европа, но суверено право е на секоја земја и асоцијација да формираат свои оружени сили.
Во Европа моментно се распоредени 60.000 американски војници во 13 гарнизони во Белгија, Луксембург, Германија, Италија и Холандија.
Американсите воздушни сили имаат седум бази во Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија и на Кипар.
Бродови од американската Шеста флота се распоредени во Средоземното Море, според принцип на ротација, пренесува ТААС.