Пратеникот на Европскиот парламент, лидерот на Руската унија на Латвија Татјана Жданок и активистот на Латвискиот антинацистички комитет Алексеј Шарипов се во полициска станица во Рига, објави Руската амбасада во Македонија на својот официјален профил на Фејсбук.
– Вака изгледа неонацизмот во Европа. И вака нацистичка Европа се справи со антифашистите во средината на 20 век, се вели во објавата на Руската амбасада.
Амбасадата ја пренесува објавата на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која пак информацијата ја објавува на Телеграм.