Навистина се случува единствена ситуација на пазарот – санкциите кои требаше да ја урнат вредноста на рубљата, го предизвикаа спротивното.

Од почетокот на годината рубљата во однос на доларот зајакна за 11 отсто, што е највисок скок меѓу триесетте главни валути во светот, пишува Блумберг.

Тоа е резултат на мерките на руската Влада и Централната банка, посочуваат аналитичарите.

Блокирањето на половина од руските златни и девизни резерви – речиси 300 милијарди долари – ја принуди Централната банка да ја зголеми референтната каматна стапка на 20 проценти, за да ги заштити заштедите на населението. После тоа, монетарните власти го ограничија движењето на капиталот.

Сега ниту поединци ниту компании не се слободни да испраќаат пари во странство – само со посебни дозволи или со големи договори.