Портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на „Телеграм“ објави дека земјите од Европската Унија ќе мора да се соочат со вистината и да признаат дека нивните сојузници ги предале во врска со инцидентите околу „Северниот тек“.

Таа ја коментираше изјавата на рускиот вицепремиер Александар Новак дека Русија е подготвена да испорача гас преку неоштетениот дел од гасоводот „Северен тек 2“, пишува руската новинска агенција ТАСС.

– Дали после тоа некој ќе се осмели да каже дека нашата земја стои зад чинот на саботажа? Се согласувам дека е многу тешко да се дознае вистината. Но, еден ден земјите од Европската Унија ќе мора да го направат тоа и да признаат дека нивните сојузници ги предале, напишала Захарова на „Телеграм“.