Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека Лекарската комора ги следи написите на оние лекари кои се против вакцинацијата.
– Лекарската комора сериозно ги анализи овие написи и ќе излезе со свој став, истакна Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали има законска можност да се санкционираат докторите антиваксери.
Во однос на граѓаните кои протестираат против вакцинацијата, Филипче рече дека ги слушаат сите ставови, но оти досега не слушнале издржан аргумент против вакцинирањето.
– Ги слушаме сите ставови. Досега не сме слушнале издржана контрааргументација во однос на вакцинирањето. За жал, сите протести се проследени со навреди и со закани. Истовремено, имаме број на граѓани кои се вакцинираат, 12 до 13 илјади граѓани кои се вакцинираат на ден. И тоа е сериозен глас на народот, подвлече Филипче.