Се наоѓаме во критична фаза наметната од мутациите на коронавирусот, истакна на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

– Овие мутации заедно со четвриот бран во кој се наоѓаме и антиваксерското дезинформирање на населението, недвосмислено ја укажуваат потребата од масовно, точно информриање за вакцинирањето. Тоа е пред се наша одговорност, рече Заев и ја најави новата владина кампања „Вакцинирај се“.

Тој посочи дека „сите мора да разбереме дека вакцините се единствениот спас од тешки форми на болеста и смртен исход од вирусот“.

-Според динамиката со која бројот се зголемува пред нас е период во кој ситуацијата може да биде навистина критична. Поголемиот број новозаболени е најизразен во градовите со помал опфат на вакцинирани граѓани. Смртните случаеви и воглавно оние со потешки форми се невакцинирани, сосема мал е бројот на заразени помеѓу вакцинираните и сите се со лесна клиничка слика, рече Заев.

Тој додаде дека граѓаните мора да имаат точни и стручни информации за да се запре прогресот на пандемијата.

-Новите мерки што ги донесе владата даваат ефекти, подгледнете ги бројките од кога се мерките, имаме над 1.160.000 дози кои се аплицирани досега, истакна Заев.

И Филипче, кој посебно апелира до младите да се вакцинираат, истакна дека вакцината во моментов е најсилното оружје за борбра со вирусот, а сите вацини се безбедни и драстично го намалуваат ризикот од тешка форма на болеста и од смртен исход.

-Свесен сум дека има различни ставови и пристапи за вакцинацијата, но со сигурност трвдам дека секоја мерка што ја носиме е за што побрза имунизација и разбивање на вирусот. Имаме пораст на вакцинацијата, но се уште сме далеку од потребниот опфат и излез од кризата. Би сакал на младите да им порачам, вакцинирајте се, заштите се себе си и своите најблиски, подвлече министерот, потсетувајќи и дека меѓу младите има тешки КОВИД случаи.

Тој порача дека ќе продолжи борбата и со дезинформациите кои ги збунуваат и ги плашат граѓаните.

-Наша цел е да ги разбиме митовите и невистините за вакцините. Ќе побараме поддршка од сите лекари, експерти, лидери… Пандемијата донесе тага, не оддалечи од блиските, ги испразни училишните клупи. Капмањата во наредните неколку месеци потсетува на сите моменти на среќа – патувањата, средбите, дружењата, културните настани, спортските натпревари. Ќе не потсети на се што можеме да изгубиме ако не се избориме со вирусот. Врувам дека овие пораки никого нема да остават рамнодушен. Апелирам до граѓаните – вакцинирајте се. Јавното здравје е заедничка одговорност и зависи од сите нас, рече Филипче.

На прес-конференцијата беше прикажан и видео спот за кампањата „Вакцинирај се“.