Австрија се заканила дека ќе го саботира постигнатиот договор за името меѓу Македонја и Грција доколку ЕУ не ги прекине преговорите за членство со Турција, пишува британски Телеграф.
Според весникот иако договорот е потпишан викендот во Преспа, сепак тој може да биде мниран на ЕУ Самитот во Брисел на 28 јуни.
Секој ЕУ самит завршува со заклучоци кои се објавуваат и кои претставуваат политички инструкции за Европската комисија, потсетува весникот. Австрија ги информирала дипломатите во Брисел дека ќе блокира каков било заклучок околу прошрувањето на ЕУ, доколку Турција е спомената заедно со Македонија и земјите од Западен Балкна, како Србија или Црна Гоира кои се надеваат дека ќе му се приклучат на блокот.
„Австрија ни кажа дека тие ќе ги блокираат заклучоците за Турција“, изјавил еден ЕУ дипломат за Телеграф.
Блокирање на заклучоци од една земја не е преседан, но е невообичаено и обично се користи како крајно средство. Но, можно е Австрија да биде подржана од уште најмалку една члнека на Унијата, како на пример Италија, која има поцврст став по прашањето за миграцијата. Не треба да се заборави ниту на нон пејперот зад кој застанаа Холандија и Франција противејќи се на членството на Македонија во Унијата во догледно време. А, во интервју за грчки весник, високата европска претставничка Федерика Могерини јасно кажа дека со договорот Македонија не добива автоматско членство, туку за такво нешто треба да се исполнат однапред одредените услови
Весникот заклучува дека заради австрискиот став сега ќе се засили притисокот и врз Заев и врз Ципрас кои водат борба со опозицјата за договорот од Преспа.
Од 1 јули Австрија ќе претседава со ЕУ, а познато е дека од неодамна таа го затегна односите со Турција откако ги соопшти мерките за затворање џамии и протерување имами од земјата.
Друго прашање е мигрантската криза, која е потенцијална нуклеарна бомба за Унијата, а кја може да се прекрши и врз Македонија. Сега се очекува разврска на внатрешниот конфликт во Берлин, при што никој не може да икслучи дека и една Ангела Меркел може да биде поразена.
Австрија, инаку, еднаш во 2016 година ги блокирала заклучоците за Турција.