Судскиот совет на Косово претпладнево добил анонимна закана по телефон за поставена бомба во неговите простории, јави МИА од Приштина.
По добиената дојава полициски екипи излегоа на местото на настанот и го обезбедуваат објектот кој се наоѓа во центрот на градот.
Инфрмацијата во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на приштинската полиција Фљора Ахмети, која изјави дека е започната истрага за откривање на идентитетот на лицето кое се заканило по телефон.