Работната група на ВМРО-ДПМНЕ викендот до Министерството за правда повторно испратила материјали за Предлог законот за јавното обвинителство, но клучните разлики и натаму остануваат.
– Викендот од ВМРО-ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите, оцценуваат од Министерството за правда и во зијава за МИА додаваат дека разговорите ќе продолжат.
Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство.
Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, постапките кои се почнати и употребата на доказите.
За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.