На 14.05.2019 година во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била укажана помош во Градската болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 12.04.2019 година од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што, се изречени казни на 44 возачи, од кои пет во Велес, 21 во Кавадарци и 18 во Неготино.

На 12.04.2019 година во периодот од 11:00 до 17:00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола на брзината на управување на возилата од страна на возачите. Во акцијата се констатирани 32 прекршоци, за кои се издадени триесет и два мандатни платни налози.

На 13.04.2019 година околу 21.45 часот на Граничниот премин „Блаце“, на паркинг во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(49) од село Глумово, скопско, било пронајдено женско лице без документи за идентификација. Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека се вика Н.С.(18) од Косово. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

На 14.04.2019 година во 13.15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, при контрола на лицето З. Ц.(46) од Република Албанија, било утврдено дека се наоѓа на стоп листата по барање од СМПС – Интерпол Скопје. Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

На 14.04.2019 година во 02.30 часот во Полициската станица Драчево, А.С.(23) од Скопје пријавил дека на 13.04.2019 година околу 22.50 часот на улица „Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.

На 14.04.2019 година во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, П.К.(34) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на булевар „Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.