Франција се подготвува со закон да се бори против лажните вести, но критичарите предупредуваат дека законот нема да може да функционира, па дури и дека ќе ја замолчи критиката.
За нацрт-законот, кој е подготвен со намера да се запре тоа што владата го нарекува„манипшулација со информации“ за време на избори, ќе се дебатира во парламентот в четврток, со зададена цел тој да се стави во функција наредната година за време на изборите за Европскиот парламент.
Идејата за овој закон дојде директно од претседателот Емануел Макрон кој беше цел на гласини пуштани на интернет за време на претседателските избори дека е хомесксуалец и оти има тајно конто во банка на Бахамите.
Според предложениот закон, француските власти би можеле веднаш да запрат печатење на издание ако се смета дека објавува фалсификувана информација пред избори. Од друга страна, социјалните мрежи ќе треба да донесат мерки со кои на корисниците ќе им овозможат да ги маркираат лажните вести, да ги предаваат податоците на таквите статити на властите и да ги објават јавно нивните намери дека се борат протов лажни вести.
Сега, се чини, се доаѓа до главното – со законот ќе се овласти државата да ги гасне странските радија и телевизии доколку тие се обидуваат да ја дестабилизираат Франција, мерка која, како што наведува АФП, е наменета да ја цели РТ, телевизија подржана од руската држава.
Јасно е дека станува збор за феномен познат во време на студена војна. Повеќе европски земји се борат против лажните вести, Велика Британија направи посебен тим за тоа, Италија има он лајн екипа која реагира кога има лажни вести, а најдалеку отиде Германија која уште лани усвои драконски закон со кој социјалнте мрежи се соочуваат со казна од 50 милиони евра доколку шират лажни вести.
Франција нема да оди толку далеку, но критичарите на предложениот закон, како што е Винсент Ланиер, лидер на францускиот новинарски синдикат, кој смета дека тој е „чекор кон цензура“.
Иако владата смета спротивно, односно дека законот ја штити слободата на говор, Џером Фенолио, уредник во „Монд“ смета дека законот содржи преголем ризик од притсок врз информацијата која е од јавен интерес.
„Изборите треба да бидат време на голема слобода-тоа се периоди кога излегуваат важни информации. Ние треба да сме загрижени ако во иднина победи авторитарен режим и методите кои тој ќе ги користи“, истакнува Фенолио.
А, пак, Патрик Евено, професот по историја на медиумите на Сорбона порачува:„со законот судиите ќе се претворат арбитри на вистината и невистината“, зашто тие во рок од 48 часа ќе треба да решат дали некој медиум ќе се санкционира или не.