Кога не би било трагично, дефинитино би било комично, пишува порталот Инфомакс за законските далавери при вработувањето и изјаснувањето како Албанци на лица кои судејќи според имињата и презимињата се Македонци.
„На 15.10.2019 година, во БППЗ Скопје се вработени вкупно 10 пожарникари, од кои шестмина Албанци, еден Македонец, еден Србин и двајца од друга националност. Вкупно 10 извршители на работното место „Пожарникар – спасител“. Само што, Албанците не се навистина Албанци – освен еден. Така, Кире Трајковски е запишан како Албанец, Дејан Илиевски, Златко Серафимовски, Горан Трајковски додека Александар Мишковски и Стивен Коцев се вработени како припадници на другите нациналности во Република Македонија“, објавува порталот.
Натаму во текстот се вели дека, пред избори, властите на СДСМ нашле дупки како „законски“ да вработуваат.