Водопадите на Нијагара се замрзнаа, и тоа не е за првпат да се случува во зимските месеци.

Студен бран го зафати североистокот и направи од Нијагарините водопади ѕид од чист мраз.

Фотографии што оставаат без здив објавуваат посетители на социјални мрежи, објави Ју-Ес-Еј Тудеј.

Еден од посетителите ги спореди водопадите со анимираниот филм Заледеното кралство (Frozen).