Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат попладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до шест степени.

Во текот на неделава ќе има повремени врнежи од додж и снег на пониските места и само снег на планините. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните и западните делови каде на планините покривката ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.