Две девојчиња на возраст од пет години побегнале од градинка во рускиот град Јакутск на Сибир. Температурата таму се спуштила до минус 45 степени.

Тие брзо се пронајдени и се опоравуваат од смрзнатини и повреди. Девојчињата сакале да ги изненадат своите родители дома, а на излегување од градинката ги снимила надзорна камера.

Едната имала ракавици, а другата се изгубила. Едната од нив, Лена Кутукова немала ракавици и има смрзнатини на три прсти и се уште е во болница во Јакутск. Другото девојче се изгубила на пат до дома, но ја пронашле еден час подоцна во куќа каде се засолнила поради студеното време.

Од градовите со најмалку 100.000 жители Јакутск е втор најстуден град.