Две лица загинаа, а двајца се повредени откако вооружен Палестинец денеска отвори оган во Западен Брег, изјави директорот на израелската Брза помош, Ели Бин.

– Од четворицата повредени луѓе, двајца беа во критична состојба и починаа, посочи Бин.

Израелското воено радио јави дека напаѓачот бил застрелан од вооружени случајни минувачи.

Инцидентот се случи во близина на еврејската населба Офра, каде вооружен Палестинец во неделата рани седум луѓе.