Американските власти запленија 18,5 тони кокаин со улична вреност од 500 милиони долари, а кој бил шверцуван во 15 бродови во источно-пацифичкиот регион.

Во акцијата учествувале голем број чамци на Крајбрежната стража. Уапсени се 49 луѓе на кои ќе им се суди во јужна Флорида.

Кокаинот и понатаму е една од најупотребувани дроги во САД каде се наоѓа и најголемата количина на кокаин во светот.

ОН нагласија дека во 2016 година потенцијалниот глобален извоз на кокаин достигнал 1.410 тони што најголемо ниво регистрирано во историјата.