Лидерите на САД, на Саудиска Арабија и на Израел, Доналд Трамп, Мохамед бин Салман и Бенјамин Нетанјаху се „изолирани“ во нивното спротиставување на Иран, изјави денеска шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф.
– Целиот свет денеска изјави дека нема да биде во согласнот со американската политика против Иран. Прашајте кого сакате во светот и сите ќе ви кажат дека Нетанјаху, Трамп и Салман се изолирани, а не Иран, посочи Зариф.
Неговата изјава е воочи повторното воведување на американски санкции кон Иран, откако САД се повлекоа од мултилатералниот Договор за иранската нуклеарна програма.
– Се разбира дека американските закани и политички притисок можат да провоцираат конфузија, но факт е, дека во современиот свет Америка е изолирана, посочи Зариф.
Саудиска Арабија и Израел, главните регионални ривали на Иран се исто така за обновување на американските санкции кон Техеран.
– Тие земји сакаат да создадат психолошка тензија против Иран… Ние ќе го надминеме овој тежок периодм наведе Зариф.