И покрај забраната за јавни и приватни собири џамиите и црквите сепак засега остануваат отворени, а верниците од муслиманска вероисповед денеска не ја пропуштија петочната молитва.
Како што објави порталот Фокус во џамијата во Старата скопка чаршија можело да се забележи голем број верници на едно место кои се молеле еден до друг, без препорачаното растојание меѓу себе од еден до два метри.
За муслиманските верници досега е кажано сами да одлучат дали ќе одат на молитва во џамија или таа ќе ја вршат дома. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија, а другите да ги реализираат во своите домови.
Сепак рече дека никој не треба да се гржи дека во џамиите може да се прошири вирусот бидејќи овие верски објекти секојдневно се дезинфицираат.