Москва планира да изгради медицински центар за да спречи ширење на пандемијата на коронавирус, по примерот на Кина која во Вухан изгради болница со 1000 легла за 10 дена..

Новиот објект со 500 кревети, во слабо населен регион, на 50 километри од Москва, ќе „се направи според искуството на нашите кинески колеги“, рече Андреј Бочкарев, заменик-градоначалник на Москва.

Бочкарев, кој е одговорен за градежништвото, рече дека тоа ќе биде „еден од најмодерните“ медицински центри.

Русија информира за 45 случаи на Ковид-19, без смртни случаи.